Вчера во 12 часот и 45 минути во тетовската населба Дреновец, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот тетовец А.Р., кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија и одбивал нивни наредби.
По целосно расчистување на случајот против него ќе следува законски предвидениот поднесок.