Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 17 часот и 45 минути, во тетовската населба Дреновец, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец А.А. Тој бил баран со централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, извести СВР Тетово.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.