Приведен осомничен за помагање во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“, одреден му е притвор

aps_2342342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното Обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ што се случи во Скопје на 6 март, годинава.

-Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023. Г.М. е предаден на ОЈО за натамошна постапка, наведуваа од МВР.


Од Основното јавно обвинителство Скопје, пак, потврдија дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека помагало при извршување на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и во врска со член 24 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во Косово, со умисла помогнал во извршување на кривично дело, така што со своите дејствија ставил на располагање средства за извршување на кривичното дело, односно учествувал во купопродажба на автомобил кој подоцна на 6 март бил искористен за извршување на кривичното дело убиство во кафе бар на улица „Самоилова“ во Скопје, стои во соопштението од ЈОРМ.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје попладнево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека тој ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, соучесници или прикривачи и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, наведуваат од ЈОРМ.

На 6 март, во Шиша бар во Старата скопска чаршија напаѓачи облечени во црна облека налик на униформа, на самото место ги убија Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени. По нападот, групата убијци избегала со возило Ауди А6 кое е најдено подоцна запалено во Шуто Оризари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK