Вчера во 14.00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско.
Тој се сомничи дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева.
По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.