Вчера вечер околу 23.30 часот на место викано „Ветерско” во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода 36-годишниот Ќ.Н. од село Сингелиќ, скопско, извести МВР.
„Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.