Приведен криумчар на мигранти од Зелениково

kriumcharenje-migranti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На автобуска постојка на влез во село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 37-годишниот М.Ѓ. од село Пакошево, општина Зелениково, извести МВР.


– Имено, околу 15.40 часот на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, полициските службеници затекнале 24 лица мигранти. По извршен разговор со нив било констатирано дека М.Ѓ. ги превезувал со возило комбе „форд транзит“ со гевгелиски регистарски ознаки, со кое запрел на наплатната рампа Смоквица и побегнал. По преземени мерки возилото било пронајдено и во негова близина биле затекнати седум лица мигранти, по што бил пронајден и возачот М.Ѓ., соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите билe привремено сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK