Приведен криминалец од Липковско, осуден на пет години и седум месеци затворска казна

hapsenje-privodjenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково.


Тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 – а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.

Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK