Вчера околу 19.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 29-годишниот тетовец Џ.И., кој бил затекнат при извршување на кражба во подрумски простории во станбена зграда во Тетово, извести МВР.
Од него биле одземени повеќе предмети кои ги користел за извршување на кражбата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.