Од страна на полициски службеници вчера околу 15 часот, на улица „Браќа Ѓиновски“, го лишиле од слобода 46-годишниот З.А. од гостиварски Градец, поради сомнение дека извршил кражба во објект во Гостивар.
Тој е задржан во полициската станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.