Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денеска го лишиле од слобода Г.В.(45) од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола.
Г.В. во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.