Вчера, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода 53-годишниот Д.С. од Скопје, извести МВР.
– Тој се сомничи дека претходно во текот на денот од трговски центар на подрачјето на Карпош одзел предмети, соопшти МВР.
Од него биле одземени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.