– Полициски службеници од ОВР Струга вчера го привеле В.Г.(20) од Штип. Тој, како што соопшти денеска МВР, се сомничи дека претходно одзел паричник со пари и лични документи од А.Ѓ. од Струга, каде што Кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од полицијата.