Приведен кичевец: во индустриската зона „Иванидол“ запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни

pozari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода 27-годишниот Р.Х. од Кичево, извести МВР.


„Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево“, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK