Приведен кичевец баран по потерница

lisici-apsenje-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле В.М.(61) од Кичево. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.


Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK