– Вчера утрото во 10.25 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.Р.(43) од Гостивар, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во Казнено поправна установа Затвор Тетово-Тетово.
Како што информираат денеска од МВР, лицето е спроведено до Казнено поправната установа.