Вчера во 16.45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 47-годишниот Ј.И. од тетовска Голема Речица, извести МВР.
„Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.