Вчера вечер во 18.50 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Ш. од истото село, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.