Приведен дилер на дрога, баран со централна потерница

Apsenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска околу 13.10 часот на ул.„16. Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(32) од Скопје.


Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK