Приведен бегалец од затвор

napad-nasilstvo-tepanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници денеска уапсиле штипјанец кој бил баран со наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради бегство од установата, соопшти Министерството за внатрешни работи.







-Денеска на подрачје на Центар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Е.А.(20) од Штип. Тој бил баран врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради бегство од установата. Е.А. бил осуден на казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет месеци од казната. Исто така, тој бил баран поради сомнение дека на подрачје на Чаир извршил други дела по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Посочуваат дека лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK