Полицијата во Куманово вчера привела 34 годишен кумановец. При претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана, дробилка и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, откако претходно бил пријавен од неговата сопруга за физички напад.
По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР.