Приведен 28-годишник од Прилеп, крадел од објект за продажба на сувенири, сопственост на прилепскиот Музеј

Приведен-28-годишник-од-Прилеп-крадел-од-објект-за-продажба-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 28-годишниот С.Р. од Прилеп, извести МВР.


– Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј Прилеп. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK