Приведен 22 годишник за обидот за убиство во Арачиново

aracinovo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Скопје го расчисти обидот за убиство во Арачиново што се случи на крајот на минатиот месец.



Тогаш со огнено оружје беше пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од селото Арачиново, при што со прострелни рани се здоби А.И. и беше пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во селото Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново. Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ“, информираа од СВР Скопје.

Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK