Превезувал нежигосано огревно дрво без документација, приведен маж од кичевско

thumbnail_drva-ogrev-780x470.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село.



Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука.

Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата.

Според полицијата, лицето е спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK