Синоќа околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон с.Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти.
Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.