Претреси во Тетово, пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес-во-Велес-пронајдена-дрога-приведен-дилер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 21.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 23-годишниот М.Л. и 24-годишниот А.М., двајцата од Тетово. Имено, при претреси на домови и помошни простории кај М.Л. и кај А.М., извршени со судска наредба била пронајдена марихуана, извести МВР.



„Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK