Денеска полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 34-годишниот Л.Б. од Свети Николе, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом во Свети Николе, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени марихуана и дигитална вага, соопшти МВР.
За случајот е известен е јавен обвинител и по негово комплетно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.