Вчера во Скопје полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, лишија од слобода две лица Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.
По извршена консултација со јавен обвинител и обезбедена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом кај Ц.Д во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага.
Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.