Претрес во Радовиш, пронајдени стебла и семки од канабис

marihuana-zaplena-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 36-годишниот Д.Ј. од Радовиш. При преглед на лицето биле пронајдени 25 семки од растението канабис, пластичен грендер и други предмети, извести МВР.


„Во службениот разговор тој изјавил дека семките ги набавил со намера да ги засади и одгледува. Врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен и претрес во домот и просториите кои ги користи Д.Ј. во Радовиш и во село Шипковица, радовишко, при што во дворното место на куќата во село Шипковица биле пронајдени две стебла канабис“, соопшти МВР.

Д.Ј. е задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK