Претрес во Куманово, пронајдени хероин, кокаин, крек, марихуана

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 04.10.2023 во 21.35 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(43) од Куманово.



При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK