Денеска околу 02.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода 26-годишниот Е.З. од Кичево, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.