Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 21-годишниот Н.Р. и 19-годишниот Ш.Д., двајцата од Кавадарци, извести МВР.
„При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пет пакувања со марихуана и едно пакување со хашиш“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.