Денеска во 00.10 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот 20-годишните Б.З., вработениот А.С. и Р.Д., тројцата од Гостивар.
При претрес во објектот, во кој биле затекнати тројцата, извршен со судска наредба, во објектот и кај вработениот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.