Претрес во Демир Хисар, пронајдени пушки и муниција, приведено едно лице

Претрес-во-Демир-Хисар-пронајдени-пушки-и-муниција-приведено-едно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Демир Хисар, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода 61-годишниот Г.Ц. од Демир Хисар, извести МВР.


– При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12мм, воздушна пушка калибар 4,5мм и 17 куршуми калибар 12мм, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK