Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го привеле Н.И.(62). По претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело.
Н.И. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР