Вчера во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од улицата „Александар Македонски“ со улицата „Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот С.С. удрило во 72-годишната Т.Ч., двајцата од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.