Вчера во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во село Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Џ.Д., удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од село Лакавица, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.