Вчера во 09.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 77-годишниот С.А. од Охрид, удрило во пешакот, 75-годишниот В.Р. од Република Хрватска, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.