Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 04.55 часот на улица ,,Андон Шурков” во Велес, мотоцикл ,,пијаџо беверли” со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.И.(24) од Велес, удрил во пешакот Т.А.П (58) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.