Предизвикал сообраќајна несреќа, возел со 1,86 промили алкохол во крвта: уапсен маж од Дебар


alkohol-merenje-maz.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар.


Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е дека П.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.

Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK