Синоќа во 20.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со изгореници била донесена М.П.(58) од Скопје, која се здобила со повреди околу 19.15 часот.
Според пријавеното, додека поминувала покрај шахта со подземни кабли на ЕВН на тротоарот на бул.„Крсте Мисирков“, во шахтата настанала експлозија, при што жената се здобила со повредите.
По извршениот увид од полициски службеници, било констатирано дека експлозијата настанала како последица од нелегално приклучување на електричната мрежа на ЕВН.