Вчера во 19.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Партизанска“ во Штип, патничко моторно возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Т.Л. од Штип, удрило во пешакот, 20-годишната С.Е. од Република Турција, со привремен престој во Штип, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Е., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.