Вчера околу 02 часот во РЕК Битола- рудник Брод-Гнеотино, Е.С.(37) од с. Будаково, општина Могила, додека извршувал работни активности како возач на камион за транспорт на јаглен, удрил во мост на транспортна лента, при што се здобил со повреди.
За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола, објави МВР.