Вчера во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул.„Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(44) од Битола, удрило во пешакот С.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.