Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишниот Ј.Ј. од Тетово.
Тој на 24 јануари, на веселба во домот, со пиштол испукал неколку куршуми во воздухот, по што еден завршил во куќата на неговиот сосед, информираа од полицијата.
Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.