Поранешни работодавачи грабнале маж од Липково и го тепале оти не сакал веќе да работи кај нив

Поранешни-работодавачи-грабнале-маж-од-Липково-и-го-тепале-оти.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека ги чувал овците во близина на Катланово, 39-годишниот Х.Р. од селото Отља-Липково бил грабнат и одвлечкан со возило од страна на три лица.


Човекот тврди дека тоа се неговите поранешни работодавачи кои го затекнале на патот, со закана го внеле во „голфот“ со којшто дошле, а потоа и физички го нападнале.

Пред полицијата изјавил дека причина за нападот е тоа што повеќе не сакал да работи кај нив. Го однеле во населбата Ченто, каде без негова согласност го држеле околу еден час.

Од МВР по пријавата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK