Полицијата казни 650 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

policija-radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 650 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 322 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 328 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK