– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за некористење сигурносен појас…
Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал-црвено светло, шест санкции за непрописно престигнување и обиколување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.