Полицијата го најде возачот кој усмрти 78-годишна жена во Марино и побегна

Охриѓанец-загина-во-тешка-сообраќајна-несреќа-на-магистралниот-пат-Битола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден удрило во пешакот В.Н. (78) од село Марино. Возачот по сообраќајката го напуштил местото на настанот.


Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.  По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници од полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK