Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во Скопје, при чистење на службениот пиштол, Г.А.(46) од Скопје, полициски службеник, испукал еден куршум и се здобил со повреда на ногата.
Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.