Поднесено обвинение за 63-годишниот маж што се самозадоволувал пред дете и пред други лица во воз

339608787_204782888971372_1540959866373354657_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години.


Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле обвинетиот и го однеле во полициска станица.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK